Препорачано
Кога ќе го погледнеме односот меѓу жените и мажите и нивниот разговор за тоа кој пол е подобар во возење автомобил, забележуваме постојана војна. Војна која нема победник, а веројатно никогаш нема ни да има. Секоја страна се брани и ја критикува другата страна. Мажите секако самоуверено одговараат дека е очигледно дека се подобри возачи, а жените им противречат. За да придонесат за решавање на забуната, во работата интервенираа научници од целиот свет, кои дојдоа до одредени сознанија, кои ви ги пренесуваме во продолжение.
Дали жените навистина се полоши возачи од мажите?
-Карактеристики на жените возачи и докажани факти за нивното возење
Женските возачи може да се поделат во две групи. Едната група има недоволно искуство во возењето, премногу страв од потенцијални судири или едноставно не се сигурни во своите возачки способности. Тие жени ќе признаат дека мажите се малку повешти во возењето. Но, во другата група се оние кои имаат возачко искуство и поседуваат возачки способности и поради тоа нема лесно да се откажат од борбата. Тие жени секогаш ќе стојат на ставот дека возат повнимателно и подобро од мажите.
Жените возачи обично по природа се многу повнимателни од мажите. Ретко ќе направат нешто несовесно зад воланот. Тие ја прилагодуваат брзината на возење според условите на патот возат значително побавно од мажите. Тие ретко се одлучуваат да престигнуваат возила, особено ако не се сигурни во добрата видливост пред возилото. Статистиката покажува дека жените подобро ги паметат и ги следат правилата и предизвикуваат многу помалку сообраќајни прекршоци во споредба со мажите, кои се претерано самоуверени додека се наоѓаат зад воланот.
Жените обично седнуваат зад воланот за да стигнат од точката А до точката Б. Тие не уживаат во возењето колку што уживаат мажите, за кои оваа активност е форма на релаксација. Често во сообраќајот може да се слушне машки возач како му забележува на возачот на автомобилот пред него дека „мора да има жена зад воланот“. Во многу земји во светот жените се критикувани за ненадејно сопирање, грчење додека возат и недавање соодветен трепкач. Но, сето тоа го прават и машките возачи.
Три факти се исто така важни кога станува збор за паркирање
-Жените се попрецизни, побрзо наоѓаат место и поправилно паркираат. За ова зборува истражувањето на автомобилската компанија „NCP“, кое докажало дека на мажите им треба повеќе време за да најдат слободно паркинг место бидејќи возат пребрзо. Жените имаат предност поради побавното возење и имаат повеќе време за набљудување на околината, т.е. подобар преглед за тоа каде е слободното паркинг место. Откриено е дека 39% од жените правилно ги паркираат своите автомобили, додека кај мажите процентот е значително помал, само 28%. Ова се случува затоа што мажите паркираат побрзо, во просек за 16 секунди, додека жените побавно ги паркираат автомобилите и им требаат 21 секунда. Разликата од 5 секунди им дава предност на жените за поправилно паркирање со доволно растојание помеѓу другите автомобили. Резултатите од истото истражување го покажаа и следното: просечен возач го паркира автомобилот 1004 пати во текот на животот. Заради побавно паркирање, на жените им се потребни 12 дена, а на мажите само 9.
Студијата спроведена од осигурителната компанија „4autoinsurancequote“ исто така покажа дека жените се подобри возачи од мажите. Резултатите покажаа дека во САД во 2007 година имало околу 6,1 милиони сообраќајни несреќи во кои учествувале мажи, додека жените учествувале во само 4,4 милиони несреќи. Мажите предизвикале и 80% од сообраќајните несреќи со смртни последици.
Заклучок
-Судејќи според презентираните резултати, жените се подобри возачи од мажите. Се разбира, постојат и други студии кои го тврдат спротивното. Без оглед на резултатите од различните студии, возењето не треба да биде конкуренција, бидејќи вашата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот е на прво место.
Авто школа ДЕИВА може да се пофали дека во 2022 година се запишани за 9% повеќе жени одколку мажи, што не прави особено горди поради тоа што се повеќе жени се одлучуваат да седнат зад воланот и бидат учесници во сообраќајот со што се побива стереотипот дека жените се полоши возачи од мажите.
Воедно ДЕИВА им го честита 8ми март на сите припаднички на понежниот пол и ги охрабрува сите оние кои што имаат желба да станат возачи, да го направат тоа веднаш и поради тоа во ДЕИВА одобривме попуст на обука за сите оние кои што ќе направат уплата за обука на 08.03.2023.
Сите дополнителни информации може да ги добиете на 072 218 399.
Учи со најдобрите вози безбедно!
-
авто школа
,
-
авто школа деива
,
-
сообраќајни знаци
,
-
возачка
,
-
знаци
,
-
сообраќај
,
-
сообраќајни правила и прописи
,
-
правила
,
-
прописи
,
-
авто школа деива
,
-
сообраќајни знаци
,
-
сообраќај
,
-
полагање
,
-
правила
,
-
возачка дозвола
,
-
СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
,
-
ТЕСТОВИ
,
-
б катеорија
,
-
обука
,
-
обука за возач
,
-
теоретска настава
,