Зошто теоретската настава е еднакво важна како и практичната настава

   Теоретска и практичната настава се неразделни делови од програмата за обука на кандидатите за возачи и истите се задолжителни во сите авто школи на теритеорија на Р.Македонија. Фондот на истите за Б категорија изнесува 20 наставни часа теоретска настава и 36 моточаса практична настава. За едно лице да се стекне со право на добивање на возачка дозвола ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да ги има завршено теоретскиот и практичниот дел од обуката за што авто школата издава соодветна потврда.

20 ЧАСА ЗА СОВЛАДУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА

   Кога ќе се спомене теоретска настава и предавање најчесто тоа се поистоветува со досадните часови на училиште, меѓутоа со напредок на технологијата и останатите помагала кои истата ги нуди теоретските предавања се интерактивни со цел добивање на темелно теоретско знаење, тоа значи запознавање и совладување со сообраќајните правила и прописи, сообраќајна сигнализација, правила за минување на раскрсници итн. и подоцнежно нивно применување во пракса. 
Незамисливо е еден возач да биде безбеден и одговорен без владеење на теоретските правила и прописи.

ВЛИЈАНИЕ НА ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ ВРЗ ЧАСОВИТЕ ПО ВОЗЕЊЕ

   Возењето не значи само управување со возило, туку однесување кое е во согласност со законот и е безбедно за возачот и сите учесници околу него. Ова може да се постигне само доколку кандидатот е запознаен со сообраќајните прописи, вклучувајќи го значењето на сигнализацијата, првенството на минување и ограничувањата на брзината.
Сите овие работи се учат на теоретските часови во автошколата. Секое недолично однесување се казнува, а учениците учат повеќе за казните на теоретската настава.
Сè што се учи во теорија е практично усовршено во часовите за возење каде што всушност ќе го демонстрирате и користите она што сте го научиле.


СЕКОЈ ВОЗАЧ МОРА ДА ВЛАДЕЕ ТЕОРИЈА И ПРАКСА

   Колку и да е важно самото возење истото не би можело да се случува без теоретските правила и прописи, заради тоа во авто школа ДЕИВА ставаме огромен акцент на теоретските предавања со цел на секој од нашите кандидати му се обезбеди квалитетна теоретска настава која рековме е темел на возењето во целина. Можеби ќе Ви звучи чудно и нема да Ви се верува но сите негативни работи во сообраќајот(сообраќајни прекршоци, незгоди итн) пред се се случуваат  заради непознавање на основните сообраќајни правила и прописи. 

Вистинскиот возач секогаш ќе ја владее и теоријата и праксата, а таков возач може да станете во авто школа ДЕИВА!

Пријавете се за обука online и добијте попсут!
УЧИ СО НАЈДОБРИТЕ, ВОЗИ БЕЗБЕДНО!