СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

   Јавните патишта се обележуваат со пропишани сообраќајни знаци, со кои на учесниците на сообраќајот  им се соопштуваат ограничувања, забрани и обврски. Исто така со сообраќајни знаци се обележуваат и опасности од привремен карактер.
   Учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските кои им се даваат со поставените сообраќајни знаци.

Сообраќајните знаци се еднобразни на територија на Република Македонија. Истите се поставуваат и се одржуваат така што учесниците можат лесно и благовремено да ги воочат и дење и ноќе и бавремено да постапат во согласно со нивното значење. 
Сообраќајните знаци се поставуваат покрај десниот раб на коловозот а по исклучок доколку е тешко благовемено да се воочат тогаш може да бидат поставени и покрај левиот раб на коловозот.

На сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот забрането е да се поставува се' што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак, забрането е неовластено поставување, преместување и оштетување на сообраќајните знаци.
Не смеат да се поставуваат било какви предмети, табли знаци, средства со кои би се засолнувал прописно поставениот сообраќаен знак или би му се намалувала неговата видливост.
На ист столб не смеат да бидат поставени повеќе од два сообраќајни знака.

Класичните сообраќајни знаци се поделени во 3(три) основни групи и тоа:
- Знаци за опасност
- Знаци за изречни наредби
- Знаци за известување
Покрај овие две групи постои и уште една група дополнителни табли.

ЗНАЦИ ЗА ОПАСНОСТ
-Сообраќајните знаци за опасност служат учесниците  во сообраќајот на патот да се предупредат за опасноста што им се заканува на  определено место, односно на дел од патот и да се известат за природата на таа опасност.

Знаците за опасност имаат форма на рамностран триаголник.
Основната боја  им е бела, симболите се претставени со црна боја, а рабовите им се во црвена боја.

Надвор од населено место, знаците за опасност по правило се поставуваат од 150 до 250 метри пред опасното место на патот 


ЗНАЦИ ЗА ИЗРЕЧНИ НАРЕДБИ
-
Сообраќајните знаци за изрeчни наредби им даваат до знаење на учесниците во сообраќајот на патот за забраните,
ограничувањата и обврските кон кои тие мораат да се придржуваат.
Знаците за изрeчни наредби се поставуваат непосредно пред местото од каде за учесниците во сообраќајот настанува обврската да се придржуваат кон наредбата изразена со сообраќајниот знак.
Овие знаци имаат важност до првата крстосница по знакот, односно до следниот сообраќаен знак со кој се менува изречната наредба.
Знаците за изрeчни наредби имаат форма на круг.

Знаците за изрeчни наредби се делат на:
- Знаци за забрана, односно ограничување – основната боја им е бела со црвен раб.
- Знаци за обврска – основната боја им е темносина, а симболите се во бела боја.


ЗНАЦИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
-
Знаците за известување им ги даваат на учесниците во сообраќајот потребните известувања за патот по кој се движат, населените места низ кои минува патот, оддалеченоста до тие места, објекти или служби кои се наоѓаат по должина на патот, за престанување на важноста на знаците за изрични наредби како и други известувања што можат да им бидат
корисни.

Овие знаци имаат форма на круг, квадрат или правоаголник .
Основната боја на знаците за известување е бела или светложолтеникава со симболи и натписи со црна боја, односно темносина со симболи и натписи со бела или црна боја.

Сообраќајната сигнализација и нејзино почитување е услов за безбеден сообраќај!
УЧИ СО НАЈДОБРИТЕ, ВОЗИ БЕЗБЕДНО!