Совети за родителите кои сакаат да ги запишат своите деца во авто школа

Дали вашето дете го исполнува условот во однос на старосната граница за упис во авто школа, и дали има желба да научи да вози?

Безбедното возење бара стекнување сложени вештини и знаења поврзани со однесувањето во сообраќајот.   Поради оваа причина, треба внимателно да ја изберете вашата авто школа и да му помогнете на вашето дете да го доживее процесот на учење и полагање испити како пријатно искуство.   Авто школа ДЕИВА прави сè што е потребно да им олесни на младите кандидати да ги разберат сообраќајните правила и да го совладаат управувањето со моторно возило.


Дали вашето дете ги исполнува условите за упис во авто школа?

За лицето да има право да започне со обука и да се стекне со возачка дозвола потребно е да бидат исполнети неколку услови. Подетални информации за тоа кои услови треба да ги исполнува кандидатот за возач можете да најдете на следниов  линк.

 

Разговарајте со вашето дете пред започнување на обуката

Доколку вашето дете изрази желба, или доколку сакате да му предложите да започне со обука за возење, треба да разговарате и да одредите колку вашето дете е зрело, одговорно и подготвено  за улогата на возач. Тоа може да се види, на пример, преку животните навики и резултатите во училиштето.

  Младите почетници мора да бидат свесни за долгорочните последици кои може да произлезат од неодговорното, невнимателно и насилно возење и мора сериозно да сфатат што ги очекува.   Посочете му на вашето дете дека посветеноста е загарантиран пат до успехот и дека секогаш ќе бидете тука да го охрабрите и да му дадете корисни совети.

 

Бидете внимателни со изборот на авто школа

Сигурно сакате да го запишете вашето дете во авто школа која ќе му обезбеди сè што му е потребно за да стане одговорен и вешт возач. За почеток, распрашајте се, да дознаете која авто школа во вашиот град е најдоброто место за образование на вашето дете.   Слушајте ги мислењата и искуствата на поранешните кандидати и прегледајте ги оценките на интернет. Авто школата мора да има лиценца за работа, како и тим од професионални и искусни предавачи и инструктори за возење кои постојано ќе му бидат достапни на вашето дете и на најдобар начин ќе му пренесат се што треба да совлада за да добие возачка дозвола.   Авто школата треба да биде опремена со современи средства за работа и возила од понова генерација. Флексибилноста со часовите е голем плус, како и дополнителни поволности како што се повеќе можности за плаќање, онлајн запишување, дополнителни часови итн.

Онлајн упис за да заштедите време и пари

Вашето дете не мора да отсуствува од училиште или да запоставува некои други обврски при з уписот во авто школа. Имено, многу авто школи нудат можност кандидатите да се запишат од дома и да го пополните онлајн формуларот со потребните информации  преку  вашиот компјутер или телефон за една минута.

Авто школа ДЕИВА нуди дополнителен попуст за секој онлајн запишан кандидат за обука од било која категорија.


Нека идниот возач биде инспириран и мотивиран токму од своите родители

Кога вашето дете ќе започне процес на стекнување на знаења и вештини потребни за возење, бидете со него и охрабрете го да изгради самодоверба зад воланот.   Ако возите, внимавајте како постапувате во сообраќајот за да создадете модел на посакуваното однесување за детето. Доколку забележите дека обуката е стресна за детето, охрабрете го и дајте му поддршка и идеи како да се опушти и да го доживеете секој нов час и испит како предизвик.

 
Ако одлучивте вашето дете да го запишете во авто школа ДЕИВА
Воошто нема да зажалите. Напорно работиме секој кандидат да ги стекне потребните знаења и вештини и успешно да ги помине тестовите што го очекуваат.
Високиот процент на положени кандидати од прв пат, и позитивните впечатоци на нашите поранешни и сегашни кандидати - сега веќе искусни возачи, доволно зборува за тоа колку сме посветени на работата.  Успешната соработка со сите кандидати е она кон што се стремиме.
Како авто школа која успешно опстои и спроведува обуки од 2001 година нудиме квалитетна обука по најповолни цени во Скопје и многу поволности во однос на плаќањето, а лојалноста на нашите клиенти е најдобрата награда која ја добиваме.
 
Во авто школа ДЕИВА може да извршите онлајн упис и со тоа да заштедите време и пари, а од наша страна во најкус временски рок ќе добиете повратен одговор со сите детални информации и понатамошни чекори во однос на обуката. Секој работен ден комуницираме нa 072 218 399 или во просториите на авто школата која се наоѓа на бул.Јане Сандански бр,86 во населба Аердором.
Ќе ни биде чест да го научиме вашето дете да стане успешен и вешт возач, а со тоа да ја оправдаме укажаната доверба. 


 



 


 
 

 
 
 

 


`