На што треба да обрнете внимание при изборот на авто школа?

Денес поседување на возило и возачка дозвола не се смета за луксуз и престиж туку секојдневна потреба бидејќи живееме во една динамична средина и  време на постојани технички и технолошки промени. Нешто некаде постојано се случува и менува, па  oд таа причина, потребно е дури и неколку пати во текот на денот брзо и безбедно  да се стигне од една до друга точка. Тоа е практично невозможно ако не поминете квалитетна обука во некоја од авто школите.

Во Скопје има голем број автошколи кои што нудат обуки на кандидати за возачи но Вие во “морето” од истите треба да ја изберете вистинската што ќе одговара на сè. Бидете многу критични при изборот на автошкола бидејќи возењето е вештина која ќе ви биде потребна целиот ваш живот а  кога ќе седнете зад воланот вие сте одговорни не само за вашиот живот туку и за животот на сите останати учесници во сообраќајот. Изборот на авто школа зависи од различни фактори па затоа ќе ги наведеме оние за  кои сметаме дека се клучни.

 

Квалитетните информации се клучни


Брзата, правилна и точна информација е многу важна па затоа е важно да ја имате во вистинско време. Движејќи се во голем круг на луѓе ќе имате можност да слушнете различни мислења но и да добиете различни повратни информации што можат да бидат многу важни за вас. Сигурно еден од вашите роднини, пријатели или познаници полагал скоро возачки испит.  Слободно прашајте го сè за што сте заинтересирани, под кои услови се возел, за предностите и недостатоците на кои се соочил во таа авто школа.

Соберете податоци за целокупните процедури за полагање и обука, возниот парк на школата, цените и начините на плаќање.  Сериозните автошколи со задоволство ќе ве запознаат и ќе ви ги  одговорат љубезно и по телефон

 

Не се согласувајте на просечноста


Со цел да ги придобијат кандидатите одредени автошколи честопати прибегнуваат кон лажни ветувања. Во такви школи можеме да наидеме на несоодветно опремени простории, па дури и на помал фонд на часови. Не се согласувајте на тоа, бидејќи има законски пропишан фонд на часови што кандидатот за возач треба да ги заврши за да на крајот успешно да го положи возачкиот испит. Ако не научите доволно во авто школата голема е веројатноста дека подоцна многу потешко ќе ги положте испитите. 

Просечноста и несериозноста при изборот на автошкола дури можат да не доведат до трагични последици. Многу е важно да откриете каков е ставот на автошколата кон теоретската и практичната обука, бидејќи од тоа во голема мера ќе зависи  каков успех ќе постигнете во на самите испити. 

 

Усогласете ги вашите обврски со возачкиот тест


Усогласете ги вашите приватни и деловни обврски со условите за теоретска и практична обука, заради тоа барајте авто школа која што има флексибилни термини како за теоретската така и за практичната настава, на кои што ќе можете непречено да присуствувате а тоа да не влијае на вашите тековни обврски.

 

Вашето време е најскапоцено


Ценете го вашето време, затоа не дозволувајте обуката да трае подолго од 60 дена бидејќи нередовно возење на часовите доведува до отежнато совладување на предвидената програма за обука на кандидати за возачи и возењето во целина.   Во нашата авто школа обуките траат од 30 до 45 дена.

 

Не заборавајте на цената


Еден од клучните фактори е цената. Колку ќе чини обуката зависи од интензитетот и квалитетот на обуката. Секоја компанија, дури и авто школа мора да ги покрие своите трошоци. Сепак, бидете многу внимателни доколку се случи автошкола да ги нуди своите услуги по ниски цени. Ова веројатно значи дека тие не вработуваат квалитетни инструктори. Ако инструкторот е слабо платен тој ќе биде незадоволен, лошо ќе ви го пренесе знаењето и нема да добиете квалитетен обука. Заради тоа никогаш не ја одбирајте најефтината понуда, а  кај нас добивате најдобар сооднос на цена и квалитетна обука со многу поволности за плаќање.

 

Обрнете внимание на традицијата


Времето на основање на авто школа и традициите се многу важни при изборот на вистинската авто школа за Вас. Врз основа на тоа, долгата традиција и постоење значи голем број на обучени кандидати и големо искуство стекнато низ годините кое што го немаат голем број на школи. Авто школа ДЕИВА е основана далечната 2001 година и до денес успешно врши обуки од А Б Ц и ЦЕ категорија со повеќе од 4.000 обучени кадндидати.