Препорачано

Задолжително поседување зимска опрема во возилата започнува од 15 ноември

Користењето и носењето зимска опрема во возилата се пропишани во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во согласност со кој моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

На секој возач кој постапува спротивно на одредбите од овој член на законот ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови. Според истиот член од ЗБСП, полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

Поврзани блог статии