Во категоријата ,,Б“ спаѓаат моторните возила чија најголема дозволена маса не надминува 3.500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот, на кои можат да се придодадат приклучни возила, чија најголема дозволена маса не надминува 750 kg.
Услови и потребни документи:
- Наполнети 18 години возраст
- Може да се оспособува и со 17 години и шест месеци возраст со согласност од двајцата родители заверена на нотар
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)